Со билетот купен преку интернет-страниците на авиокомпаниите се лета поевтино од Софија, Белград, Солун, па дури и од Виена
[Во првите шест месеци од годинава низ аеродромите во Скопје и во Охрид поминале околу 250.000 патници]
Се' поголем број македонски граѓани ги користат аеродромите во соседните земји за да летаат со поевтини авиобилети резервирани преку интернет. Изборот да се лета од Софија, Белград, Солун, па дури и од Виена, не е само поради неколкукратно пониската цена на билетот туку и поради тоа што не мора да се преседнува на некој од европските аеродроми за да се стигне до саканата дестинација.
За да дојдат до поевтин лет, патниците авиобилетот го купуваат преку веб- страниците на авиокомпаниите. Билетите се многу евтини ако во авионот има останато празни седишта неколку дена пред летот или ако се резервира неколку месеци однапред. Тогаш нивната цена паѓа драстично и на линии во Европа може да се лета за 20 евра. Откако ќе се добие потврда од авиокомпанијата за купувањето на билетот, тој се подига во нејзиното претставништво во земјава.
Искуството на еден скопјанец покажува дека во некои претставништва се' уште се приспособуваат на овој нов начин на работа на светските авиокомпании.
- Купив билет преку интернет за Кина со тргнување од еден европски главен град. Билетот беше набавен во таканаречената „последна минута“ и ме чинеше само 150 евра. Кога отидов со потврдата во претставништвото на авиокомпанијата во Скопје да го подигнам билетот, не сакаа да ми го дадат. Ме убедуваа дека морам да го купам од нив, а цената беше десеткратно повисока. Бидејќи не одговорија на моето барање, напишав протестно писмо до седиштето на авиокомпанијата за целиот случај. Тие како вистински професионалци веднаш ми одговорија со извинување за настанатиот проблем, а ми дадоа и дополнителен попуст и ме сместија во бизнис-класа - вели патникот.
Скапите авиобилети и нискиот стандард го прават луксуз патувањето со авион, а визниот режим дополнително го отежнува развојот на авиосообраќајот на македонските аеродроми. Со цел да привлече што повеќе авиокомпании да летаат кон земјава, Владата ги намали цените на аеродромските услуги на скопскиот и на охридскиот аеродром. Од оваа мерка треба да се зголеми бројката од околу 600.000 патници годишно што поминуваат низ македонските аеродроми. Со проектот за реконструкција и за издавање под концесија на аеродромите се очекува оваа бројка да се зголеми на 800.000. Според последните податоци, во првите шест месеци од годинава низ аеродромите во Скопје и во Охрид поминале околу 250.000 патници.
Златно време за авиосообраќајот беа 1999 и 2000 година кога низ скопскиот аеродром поминаа по еден милион патници, но тоа беше резултат на Косовската криза. По отворањето на косовското небо за комерцијални летови, приштинскиот аеродром ги презеде традиционалните муштерии на скопскиот. Сега од аеродромот во Приштина летаат речиси еден милион патници годишно. Пред неколку дена белградскиот и загрепскиот аеродром објавија дека низ нивните терминали поминал милионитиот патник, а до крајот на годината очекуваат оваа бројка да се зголеми двојно. Околу два милиона патници ќе поминат и низ софискиот аеродром. Низ новореновираниот аеродром во Тирана, кој е издаден на 20-годишна концесија, лани поминале околу 900.000 патници.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=76A89 ... 7B6A3DB176
оригиналната статия е по-обемиста ,но на някой може да му е труден този български диалект,за това:
Все повече македонски граждани използват летищата в съседните страни, за да летят с по-евтини самолетни билети, резервирани през Интернет, пише днес македонският в. "Дневник".
Изборът да се лети от София, Белград, Солун и дори от Виена не е само неколкократно по-ниската цена на самолетния билет, но и поради факта, че не трябва да се прекачва на някое от европейските летища, за да се стигне до желаната дестинация.
Скъпите самолетни билети и ниският стандарт правят пътуването със самолет лукс, а визовият режим отежнява допълнително развитието на авиотранспорта на македонските летища, пише вестникът.
За да привлече повече авиокомпании да летят към страната, правителството намали цените на летищните услуги на летищата в Скопие и Охрид. С тази мярка се очаква да се увеличи броят на туристите, които преминават годишно през македонските летища и който в момента е около 600 000. С проекта за реконструкция и за даване на концесия на летищата се очаква техният брой да достигне 800 000.
Според последните данни през първите шест месеца на годината през летищата в Скопие и Охрид са преминали около 250 000 души.
http://bgnewsroom.com/